Малолетник од Битола без возачка дозвола прегази пешак
14/02/2026 17:05
Седумнаесетгодишно момче од Битола е лишено од слобода откако со патничко возило удрило 42 годишен пешак на улицата „Козјак“, при што повредениот се здобил со тешки телесни повреди.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека сообраќајната несреќа била пријавена на 13 февруари 2026 година во 18:35 часот во СВР Битола. Според првичните информации, автомобилот со битолски регистарски таблички го управувал малолетникот, кој удрил во пешакот Е.К. (42), исто така жител на Битола.
Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа, а по дополнителните проверки било утврдено дека 17-годишникот управувал со возилото без да има стекнато возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, малолетникот е приведен, а автомобилот е привремено одземен.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






