MKinformer

your daily dose of news

Крива Паланка на протест за кравите на „мисиците“ кои го пустошат градот и имотот на граѓаните

16/02/2026 16:15

На 26 февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Крива Паланка.

Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со утврдени прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно наложените мерки. Донесените решенија, како што се наведува, се правосилни и задолжителни за извршување.

„Непочитувањето на институционалните одлуки и продолжувањето на постапки спротивни на закон претставува сериозен преседан што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните, имотните права и јавниот ред“, велат од Општината.

Бројни поплаки од повеќе села

До локалната самоуправа пристигнуваат бројни поплаки од жителите на селата Дрење, Добровница, Киселица, Голема Црцорија, Трново, Враовиште, Узем, Кркља, Костур, Дурачка Река, Кошари и други населени места.

Граѓаните укажуваат на уништување на земјоделски култури, пластеници, насади и приватен имот, како и на зголемени тензии и перцепирана загрозеност на безбедноста во локалната заедница.

Повик за законско решавање

Од Општината потенцираат дека го почитуваат уставното право на мирно изразување ставови и дека најавениот протест на 26.02.2026 година има за цел да се побара доследно и навремено спроведување на институционалните одлуки.

Општина Крива Паланка, заедно со претставниците на 16 месни заедници, информира дека активно ја следи состојбата и ќе преземе мерки во рамки на своите надлежности за заштита на јавниот интерес, безбедноста и правната сигурност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!