MKinformer

your daily dose of news

Општина Гостивар казнета 2.100 евра за бездомни кучиња

15/06/2026 17:09

Втора парична казна за Општина Гостивар за неовластено заловување на бездомни кучиња

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и изрече втора парична казна на Општина Гостивар поради неовластено заловување и дислокација на бездомни кучиња, без одобрување на Агенцијата и од страна на неквалификувани лица.

Колку изнесува казната?

Согласно одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по спроведен вонреден инспекциски надзор, на Општина Гостивар и изречена е парична казна од 2.100 евра во денарска противвредност, и тоа:

  • 1.500 евра за Општината

  • 600 евра за градоначалникот

Нови прекршоци со исто возило

Донесено е и ново решение, по издаденото во ноември 2025 година, за забрана за спроведување на ваков тип неовластени активности.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи е утврдено дека возилото со кое се заловувале и дислоцирале бездомните кучиња е истото возило со кое и претходно се вршеле недозволени активности, но сега со променета регистарска табличка.

Како беше откриено?

Вонредната контрола е спроведена по дојава на граѓани и доставени фотографии и видео докази до АХВ за неовластено заловување и дислоцирање на бездомни кучиња од страна на Општина Гостивар.

Продолжуваат инспекциските надзори

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на инспекциски надзори за почитување на одредбите од Законот за заштита и благосостојба, во врска со заловувањето и третманот на бездомните животни.

error: Содржината е заштитена од копирање !!