Иранската национална гарда го затвори Орумскиот теснец
28/02/2026 18:59
Иранската револуционерна гарда испрати порака до бродовите, дека не можат да поминат низ Ормускиот теснец, објави новинската агенција Тасним.
Претходно беше објавено дека голем број танкери за нафта и гас избегнуваат да пловат низ Ормускиот теснец, кој го поврзува богатиот со нафта Персиски Залив со Индискиот Океан.
Танкерите за нафта и гас се натрупуваат и внатре и надвор од влезот во теснецот, при што некои сопственици ги преиспитуваат своите транзитни политики, а други им дозволуваат на своите бродови да пловат, но со зголемена претпазливост, објавија западните медиуми.
Ормускиот теснец е едно од најголемите жаришта во периоди на тензии со Иран, бидејќи една петтина од светската нафта и течен природен гас што се транспортира по море поминува низ рутата секој ден.





