MKinformer

your daily dose of news

Времето денес: Стабилено, суво и до умерено облачно

02/03/2026 8:51

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер, главно од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 12 и 17 степени.

🌫 Во Скопје магливо утро, тивко време

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно и тивко време. Во делови од котлината се очекува појава на утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.

🌤 Стабилизација од утре

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време. Исклучок ќе биде четврток, кога ќе има услови за слаб локален дожд.

Во четврток и петок се очекува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

error: Содржината е заштитена од копирање !!