Времето денеска: Сончев ден со магла во котлините и речните долини
16/12/2025 9:43
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.
Во утринските и претпладневните часови, по одделни котлини и речни долини, ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималните температури ќе се движат од -6 до -2 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 8 до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината се очекува појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Според прогнозите, до крајот на седмицата времето ќе се задржи стабилно, со сончеви периоди и мала до умерена облачност. И понатаму, во утринските и ноќните часови, по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла, поради што се препорачува зголемено внимание во сообраќајот.




