Сончево и стабилно време со температури до 19 степени
06/03/2026 9:35
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информира Управа за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од север. Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Според прогнозата на УХМР, утре ќе преовладува претежно сончево време. Во следните два дена се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониски дневни температури.
Од вторник повторно ќе следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.





