(ВИДЕО) Погоден е аеродромот во Дубаи
07/03/2026 11:08
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледа како дрон се урива во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи, што предизвика прекин на воздушниот сообраќај во еден од најпрометните авијациски центри во светот.
Инцидентот се случил помалку од еден час откако иранскиот претседател Масуд Пешмерга им се извини на соседните земји за нападите извршени за време на актуелниот конфликт во регионот.
Засега нема непосредни извештаи за материјална штета на аеродромот во Обединетите Арапски Емирати. Сепак, локалните власти соопштија дека сите летови се привремено прекинати како мерка на претпазливост.
Претходно, од Дубаи и Абу Даби се одвивале ограничени летови преку таканаречени безбедни воздушни коридори.
Меѓународните медиуми јавуваат дека утрово во Дубаи се слушнале најмалку две експлозии. Инцидентот се случува во момент кога Иран продолжува со одмазднички напади врз земјите од Персискиот Залив каде се наоѓаат американски воени бази.
Ситуацијата во регионот останува исклучително напната, додека властите во Обединетите Арапски Емирати внимателно ја следат безбедносната состојба.
Another Iranian attack drone hit Dubai International Airport, barely missing Concourse A. pic.twitter.com/axvNdrXUFn
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) March 7, 2026






