MKinformer

your daily dose of news

Македонците од Блиски Исток ќе бидат евакуирани со комерцијален лет од Абу Даби

03/03/2026 22:16

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија вечерва информираше дека Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединети Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите за организација на комерцијален лет за евакуација на македонски државјани од Абу Даби.

Од Министерството ги повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби:

📞 Телефон: +971 56 441 7532
📧 Е-маил: abudabi@mfa.gov.mk

„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, наведуваат од Министерството.

(КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ)Македонци бараат евакуација од Блискиот Исток: Амбасадите во состојба на готовност

Претходно МНР информираше дека од почетокот на конфликтот до денес, вкупно 473 македонски државјани стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

Од нив:

  • 19 лица се пријавени од Израел,

  • 106 од Катар,

  • 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби.

Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.

Од Министерството најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни активности поврзани со евакуацијата.

One thought on “Македонците од Блиски Исток ќе бидат евакуирани со комерцијален лет од Абу Даби

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!