MKinformer

your daily dose of news

Денес сончево време со температури до 18 степени

07/03/2026 9:24

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 до 5 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 12 и 18 степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 0 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 18 степени.

Според прогнозите, во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време, со можност за слаби локални врнежи од дожд.

Од вторник се очекува постепено стабилизирање на временските услови. Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на магла, додека дневните температури ќе бележат постепен пораст.

error: Содржината е заштитена од копирање !!