Толку од шокот: Паднаа цените на нафтата во светот
10/03/2026 16:46
Референтната цена на нафтата денеска, 10 март, забележа пад откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран би можела да заврши „многу брзо“.
Неговите коментари предизвикаа реакција на светските енергетски пазари, при што цената на нафтата се спушти поблиску до 90 долари за барел, иако и понатаму останува значително над нивото од пред почетокот на конфликтот, пренесува Би-Би-Си.
Цените на нафтата претходно достигнаа највисоко ниво во последните четири години, бидејќи војната, која влезе во втората недела, сериозно го наруши производството и транспортот на нафта и гас од Персискиот Залив.
Во понеделникот цената на нафтата накратко достигна и до 119 долари по барел, ниво кое последен пат беше забележано по руската инвазија врз Украина.
Во меѓувреме, Иран предупреди дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од регионот доколку продолжат нападите меѓу САД и Израел.
Трамп изјави дека очекува конфликтот на крајот да доведе до намалување на цените на нафтата на долг рок.
Тој, исто така, посочи дека размислува за можноста САД да преземат контрола врз Ормутскиот теснец – една од најважните глобални рути за транспорт на нафта и природен гас, кој во голема мера е блокиран поради актуелните тензии со Иран.






