MKinformer

your daily dose of news

Хаос за јајца во Велес: Полицијата спречи човечко стампедо

05/04/2026 22:56

Велес: Она што требаше да биде празнично велигденско дарување, за малку ќе прерасне во хаос. Две илјади табли со јајца исчезнаа за само еден час, а граѓаните кои чекаа во редици создадоа толкав метеж што мораше да интервенира полицијата за да спречи повреди и да воспостави ред, објави СДК.мк.

Безредието изби за време на хуманитарната акција на велешани од дијаспората, кои преку компанијата за камионски транспорт „Шилер“ од САД, по трет пат по ред организираа бесплатно делење јајца за Велигден.

Иако дел од донацијата однапред беше наменски поделен на социјално загрозени семејства, најголемиот предизвик беше масовното делење на градскиот плоштад. Граѓаните земаа и по повеќе табли, што дополнително ја разгоре гужвата.

„Целта ни е граѓаните да можат да ги почувствуваат радостите на Велигден. Дел од донацијата претходно ја поделивме на социјално загрозени семејства“, изјавија од компанијата „Шилер“

За среќа, најмалите посетители не го почувствуваа хаосот – за нив беше организирана забавна програма со кловн и цртање велигденски мотиви.

error: Содржината е заштитена од копирање !!