MKinformer

your daily dose of news

Од полноќ стартува 24-часовен маратон на контроли за брзина

15/04/2026 14:16

Маратон на контроли за брзина стартува од денеска на полноќ и ќе трае 24 часа на територијата на целата држава. Од МВР апелираат возачите да бидат внимателни и да ги почитуваат ограничувањата.

Како што информира полицијата, акцијата почнува денеска во 00:00 часот и ќе трае до утре, 16 април, до 00:00 часот. Во тој период ќе се спроведуваат непрекинати акциски контроли на брзината на движење.

Од МВР велат дека брзото возење и натаму е една од главните причини за тешки сообраќајни несреќи. Токму затоа, како што посочуваат, потребни се постојани мерки и засилено присуство на терен.

Полицијата наведува дека со ваквите акции се зголемува свеста за опасностите од брзото возење. Воедно, се поттикнува долгорочна промена во однесувањето на возачите.

Маратон на контроли за брзина ќе се реализира и како дел од активностите на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Македонската сообраќајна полиција и овојпат се приклучува на заедничката европска акција.

Од МВР посочуваат дека голем дел од локациите на кои ќе се спроведуваат контролите им се однапред познати на возачите. Целта, според нив, не е само казнување, туку превенција и спасување животи.

Пораката до возачите е јасна. Да ја намалат брзината, да ги почитуваат ограничувањата и да придонесат за побезбеден сообраќај на патиштата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!