MKinformer

your daily dose of news

CNN: САД и Иран се поблиску до договор, Хормушкиот теснец во фокусот на тајната дипломатија

28/04/2026 13:24

САД и Иран можеби се поблиску до договор отколку што изгледа во јавноста. Тоа го објави CNN, повикувајќи се на извори блиски до процесот.

Иако формалните преговори не се во напредна фаза, дипломатските контакти продолжуваат. Разговорите, според информациите, се водат далеку од очите на јавноста.

Како прв можен чекор се споменува враќање на состојбата пред последната ескалација. Во тој контекст, повторното отворање на Хормушкиот теснец за слободна пловидба се наметнува како клучно прашање.

Изворите посочуваат дека темата за иранската нуклеарна програма засега не е во прв план. Таа би можела да биде отворена во подоцнежна фаза, доколку претходно се постигне напредок околу намалувањето на тензиите.

Посредниците во меѓувреме вршат притисок врз двете страни. Целта е да се обезбеди минимум компромис што би овозможил продолжување на процесот.

Сепак, неизвесноста и натаму е голема дали САД и Иран договор. Останува отворено прашањето дали САД ќе останат на дипломатскиот курс или повторно ќе се вратат на политика на воен притисок.

Развојот на настаните внимателно се следи и поради стратешкото значење на Хормушкиот теснец. Секое поместување во овој процес може да има пошироки безбедносни и економски последици.

error: Содржината е заштитена од копирање !!