MKinformer

your daily dose of news

ЕУ до Косово: „УБЕДЕТЕ 27 ЧЛЕНКИ ЗА ДА СТАНЕТЕ КАНДИДАТ“

07/05/2026 23:50

Курти бара отворање преговори со ЕУ, Брисел возврати со услови

Палатова: Косово мора да ги убеди сите 27 земји членки

Премиерот на Косово, Аљбин Курти, на прославата по повод Денот на Европа во Приштина побара од Европската Унија да му додели статус на кандидат за Косово и да отвори преговори за прием во членство.

„За Косово, ЕУ не е далечна реалност, ниту збир стандарди што треба да се исполнат. Таа е природен дом на нашето општество, рамката на нашите реформи и иднината на нашите граѓани, која веќе е избрана. Повеќе од 80 проценти од нашите граѓани го поддржуваат членството во ЕУ, што е едно од највисоките нивоа на поддршка насекаде во Европа“, рече Курти.

Брисел: Нема автоматски статус, треба согласност од сите 27

Сепак, Ева Палатова, вршителката на должноста шефица на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, ја олади жештата желба на косовскиот премиер.

Таа изјави дека Косово не може автоматски да добие статус на кандидат и дека мора да ги убеди сите 27 земји-членки на Унијата.

Палатова порача дека Брисел не може едноставно да додели статус на кандидат и дека Косово треба да ги исполни сите неопходни услови.

Потсетник за изборите

Таа додаде дека парламентарните избори кои ќе се одржат во Косово точно еден месец од сега повторно треба да бидат слободни, фер и инклузивни, уште еден услов на патот кон ЕУ.

Засега останува нејасно кога и дали Косово ќе го добие посакуваниот кандидатски статус, бидејќи пет земји-членки на ЕУ (Шпанија, Словачка, Романија, Грција и Кипар) сè уште не го признаваат независноста на Косово.

error: Содржината е заштитена од копирање !!