Путин оди во Пекинг по посетата на Трамп: На 19 и 20 мај ќе се сретне со Си Џинпинг
16/05/2026 17:57
Рускиот претседател Владимир Путин на 19 и 20 мај ќе престојува во официјална посета на Кина, каде во Пекинг ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Посетата денеска ја потврди Кремљ. Таа доаѓа само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина.
Трамп беше во Пекинг на 14 и 15 мај. Тоа беше прва посета на актуелен американски претседател на Кина по речиси една деценија.
Патувањето на Путин ќе се совпадне со 25-годишнината од Договорот за добрососедство и пријателска соработка меѓу Русија и Кина.
Токму тој договор се смета за една од основите на односите меѓу двете земји.
Според соопштението на Кремљ, Путин и Си ќе разговараат за тековните билатерални прашања.
На маса ќе бидат и темите за натамошно зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка меѓу Москва и Пекинг.
Двајцата лидери ќе разменат мислења и за клучни меѓународни и регионални прашања.
Посетата на Путин во Пекинг доаѓа во чувствителен геополитички момент, кога Кина во краток период е домаќин и на американскиот и на рускиот претседател.






