MKinformer

your daily dose of news

Обвинет за силување, мајка му се бори за живот

14/06/2026 10:02

Обвинет за силување, а мајка му на листа за трансплантација: Пресуда за синот на принцезата Мете-Марит во понеделник

Норвешката јавност со големо внимание ја очекува пресудата за Мариус Борг Хеби (29), син на принцезата Мете-Марит, која треба да биде објавена во понеделник во Окружниот суд во Осло. Во меѓувреме, неговата мајка е ставена на листа за трансплантација на бели дробови.

Што му се става на товар?

Хеби се соочува со вкупно 40 обвиненија, меѓу кои и четири за силување. Тој ги негира најтешките обвиненија, но признава дел од прекршоците поврзани со употреба на дрога и сообраќајни прекршоци.

Обвинителството бара казна затвор од седум години и седум месеци, додека неговата одбрана смета дека соодветна казна би била една и пол година затвор.

Ќе ја следи пресудата преку видео врска

Речиси три месеци по завршувањето на судскиот процес, Хеби ќе ја следи постапката за изрекување на пресудата преку видео врска поради здравствени причини кои не се јавно објаснети.

Мајка му се бори за живот

Дополнителна тежина на случајот му дава здравствената состојба на принцезата Мете-Марит. Таа неодамна беше ставена на листа за трансплантација на бели дробови.

Апелациониот суд минатата недела го одби барањето на Хеби привремено да биде ослободен за да може да биде покрај својата болна мајка.

Кој е Мариус Борг Хеби?

Хеби (29) не е член на кралското семејство по раѓање, но израснал во неговото опкружување откако неговата мајка, принцезата Мете-Марит, стапила во брак со престолонаследникот принцот Хакон кога тој имал четири години.

Тој се наоѓа во притвор од почетокот на февруари, кога беше повторно уапсен под сомнение за напад и прекршување на забрана за приближување кон неговата поранешна девојка.

Принцезата и принцот Хакон неодамна го посетиле Мариус во затвор.

Цела Норвешка ја очекува конечната судска одлука во еден од најследените случаи поврзани со кралското семејство во последните години.

error: Содржината е заштитена од копирање !!