MKinformer

your daily dose of news

Од 10 регистрирани пожари, осум изгаснати до 16 часот

22/06/2026 16:42

Десет пожари на отворен простор до 16 часот, два сè уште активни

До 16:00 часот денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Осум од нив се целосно изгаснати, додека два пожари се сè уште активни и во тек е интервенција за нивно локализирање.

Активни пожари во Сарај и Радовиш

Активен е пожарот на подрачјето на општина Сарај, помеѓу селата Грчец и Шишево, каде гори ниска вегетација и мешана шума. Втор активен пожар е регистриран во општина Радовиш, во село Калаузлија, каде гори старо дрво.

Изгаснати пожари во осум општини

Целосно изгаснати се пожарите во:

  • Општина Шуто Оризари – на улица „Индира Ганди“, позади хотел „Њу Стар“ (ниска вегетација);

  • Општина Карпош – кај Железничкиот мост кон Злокуќани (ниска вегетација);

  • Општина Петровец – село Огњанци (нива);

  • Општина Кичево – село Премка (ниска вегетација и стрниште);

  • Општина Кичево – улица „Методија Стефаноски“ (стрниште);

  • Општина Куманово – месност „Пармакови Ниви“ (ниска вегетација);

  • Општина Неготино – село Црвени Брегови (стрниште);

  • Општина Лозово – село Дорфулија (нискостеблеста вегетација и трева).

Од надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворен простор, особено во услови на суво време и засилен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!