Сончево и топло до 37 степени, попладне можни дожд, грмежи и засилен ветер
26/06/2026 10:13
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија.
Ќе има мала до умерена облачност.
Во попладневните часови на поединечни места ќе има услови за локален дожд.
Можно е појава на грмежи и засилен ветер.
Температурите до 37 степени
Максималната температура ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло.
Максималната температура во главниот град ќе достигне до 35 степени.
Викендот сончев и многу топол
За време на викендот ќе преовладува сончево и многу топло време.
Слично време се очекува и на почетокот на следната седмица.
Температурите ќе бидат над 30 степени.
Наместа тие ќе достигнат и до 39 степени.
Промена од вторник
Во вторник се очекува зголемена облачност.
Ќе има услови за појава на пороен дожд.
Во среда се очекува благо заладување.
Времето ќе биде нестабилно, со дожд и грмежи.





