Извештај од ЦУК, поплавени подвозници и сообраќајници
02/07/2026 14:46
ЦУК со извештај за последиците од невремето во Скопје: Поплавени населби, подвозници и сообраќајници
Најкритични подрачја, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром, екипите на терен интервенираат
Обемни поплави низ главниот град
Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави детален извештај за последиците од невремето што го зафати Град Скопје и околината. Според информациите добиени преку Единствениот број за итни повици 112 и надлежните институции, регистрирани се повеќе пријави за поплави и нарушувања на инфраструктурата.
Статистички преглед на пријавените штети:
-
Поплавени подвозници: 2
-
Поплавени кружни текови: 3
-
Поплавени улици: повеќе од 8
-
Поплавени населби: 5 (Кисела Вода, Автокоманда, Чаир, Аеродром, Горно Лисиче)
-
Поплавени станбени објекти (куќи): повеќе пријави
-
Поплавени подрумски и гаражни простории: повеќе пријави
-
Поплавени деловни објекти (магацини): 2
-
Поплавени јавни институции: 1 (МАНУ)
-
Критични водотеци/канали: 2
-
Локации со отежнат сообраќај: повеќе од 10
Критични точки на инфраструктурата
Сообраќајна инфраструктура:
-
Подвозник пред кружниот тек во Бутел
-
Подвозник на бул. „Србија“ (Кисела Вода)
-
Кружни текови кај Ист Гејт, Мото Центар, Цементара и Железара
-
Улица „Јордан Мијалков“ (позади Дајмонд Мол)
-
Поплавени паркинзи и внатрешни сообраќајници во Расадник и Аеродром
Станбени и деловни објекти:
-
Поплавени куќи, подруми и гаражи во Кисела Вода, Автокоманда и Чаир
-
Поплавени магацини во Чаир и Кисела Вода
-
Поплавен објект на МАНУ (подрум, гаражи, хол и амфитеатар)
Водна инфраструктура:
-
Усјански канал – зголемено ниво со ризик од прелевање
-
Река Серава (Бутел) – покачено ниво со ризик од излевање
Најкритични подрачја и ангажирани институции
Како најкритични подрачја се издвојуваат: Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром. Состојбата континуирано се следи, а екипите интервенираат на терен според степенот на приоритет и ризик.
На терен се ангажирани и координирано делуваат:
-
Територијалните противпожарни единици (ТППЕ)
-
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)
-
Јавните комунални претпријатија на општините
-
Општинските екипи
-
„Македонија Пат“
-
Други надлежни институции и служби
Сите служби работат координирано и интервенираат на терен со цел справување со последиците од невремето, расчистување на погодените подрачја и нормализирање на состојбата.
Како да пријавите штета?
Граѓаните кои претрпеле штети од невремето треба да поднесат барања до општинските комисии за процена на штети. Комисиите ќе извршат увид и проценка на настанатите оштетувања. Од ЦУК препорачуваат граѓаните да побараат информации од надлежните општински служби за постапката и потребната документација.





