MKinformer

your daily dose of news

Дудучки тврди: Постои „криминален триаголник“ за спасуваат криминалци

10/07/2026 21:38

Д-р Дудучки: Судии, вештаци и затворски персонал со години спасуваат криминалци од затвор

Невропсихијатарот тврди дека постои „криминален триаголник“ кој овозможува злоупотреби

Невропсихијатарот д-р Мице Дудучки тврди дека со години постои механизам преку кој дел од осудениците избегнуваат затворски казни преку злоупотреба на судските вештачења и психијатриските проценки.

Во изјава за „Фокус“, тој зборува за, како што вели, „интересни триаголници“ меѓу судии, судски вештаци и дел од персоналот во казнено-поправните установи.

„Неколку месеци како специјалист-невропсихијатар работев и во затворот во К’шање, Куманово, каде имав можност детално да се запознаам со ‘интересните триаголници’ помеѓу судиите, лекарите вештаци и дел од персоналот на казнено-поправните установи. Па сведоци сме на скандалозни пресуди и злоупотреби на психијатриската и форензичката наука, пред сѐ во коруптивни цели“, вели Дудучки.

Тврди дека се издавале лажни медицински наоди

Неговите изјави доаѓаат по неодамнешните наоди на Народниот правобранител, според кои во психијатриската болница во Демир Хисар биле сместувани осудени лица со сомнителни психијатриски дијагнози.

Дудучки тврди дека дел од лекарите свесно изготвувале наоди со кои одредени осуденици биле прогласувани за неспособни за издржување затворска казна.

„Некои лекари, за жал, свесно ја употребуваат својата позиција. Некои ‘привилегирани’, слободно можам да кажам клиенти, а не пациенти, ги прогласуваат за тешко болни. Незаконски, врз основа на лажни лекарски наоди, им се намалува казната, а потоа тие лица на слобода функционираат како потполно здрави и во психичка и во соматска смисла“, наведува тој.

„Вакви злоупотреби постојат и во судската психијатрија“

На прашањето дали злоупотреби има и во судската психијатрија, Дудучки одговара потврдно.

„Самите судски органи и надредените стручни институции не се заинтересирани, или најблаго речено се корумпирани, и ваквите случаи ги ставаат под тепих. Со ваквите постапки се нарушува угледот на здравствените работници кои чесно и професионално ја извршуваат својата работа“, изјави Дудучки.

error: Содржината е заштитена од копирање !!