(ВИДЕО)ТРИ ГОДИНИ ОД „ГЛОБАЛНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И МИР“
21/05/2025 17:11
По повод три годишнината од започнувањето на „Глобалната безбедносна иницијатива за заштита на мирот и спокојството во светот“, Народна Република Кина објави промотивно видео како една позитивна замисла и идеа стигнува до реализација и нејзина општа прифатеност во регионот и светот.
Иницијативата за глобалната безбедност е визија на кинескиот Претседател Кси Џинпинг, а нијзината светска афирмација и прафатеност е само резултат на кинската волја за соработка и подавање рака.
На Боао Форумот за Азија одржан на 21 Април 2022 година во Боао, во јужната кинеска провинција Хаинан, Претседателот на Народна Република Кина, Кси Џинпинг за прв пат ја предложи „Глобалната безбедносна иницијатива за заштита на мирот и спокојството во светот“ тој во своето обраќае тогаш истакна:
За да ја промовира безбедноста за сите во светот, Кина би сакала да предложи глобална иницијатива, а таа се сосоти од неколку важни поенти по кои мораме да се сложиме и да ги почитуваме.
Важно е да останеме посветени на визијата за заедничка, сеопфатна, кооперативна и одржлива безбедност, за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, за почитување на целите и принципите на Повелбата на ОН, за сериозно сфаќање на легитимните безбедносни грижи на сите земји, за мирно решавање на несогласувањата и споровите меѓу земјите преку дијалог и консултации и одржување на безбедноста во традиционалните и нетрадиционалните домени.
Замислата на кинескиот претседател Џинпинг за иницијативата за глобална безбедност, константно се надградува и подобрува, се трансформира од идеја и визија во реалност и акција.
Следната година на 4ти Јули 2024 година на 23от Состанок на советот на шефовите на држави на Шангајската Организација за Соработка во контекст на Иницијативата за глобална безбедност тој ќе изјави:
Кина е подготвена да работи со сите страни за спроведување на иницијативата за глобална безбедност, промовирање на решавање на меѓународните спорови, преку дијалог и консултации и поттикнување политичко решавање на меѓународните и регионалните жаришта, за да создаде цврст безбедносен штит во нашиот регион.
Од почетокот на Иницијативата за глобална безбедност која беше замислена и промовирана од страна на Кси Џинпинг, земји од Блискиот Исток, Африка и други делови од светот се приклучија и се придржуваат кон истата. Од нејзиниот почеток преку 120 земји се приклучија на Иницијативата за глобална безбедност.
На 16 Мај 2024 година, Џинпинг беше домаќин на Рускиот Претседател Владимир Путин на која средба се промовираше координацијата и здравите интеракции меѓу големите земји, месец дена претходно Џинпинг се сретна и со Германскиот Канцелар Олав Шолц за истите причини, како и со Францускиот Претседател Емануел Макрон.
Поддршката и приклучувањето на оваа иницијатива постојано расте.






