MKinformer

your daily dose of news

Денеска сончево и топло, температурите ќе достигнат до 39 степени, во Скопје до 36 степени

30/07/2026 8:30

Денеска сончево и топло време ќе преовладува низ Македонија, со мала локална облачност. Максималните температури ќе достигнат до 39 степени Целзиусови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 10 до 22 степени. Во текот на денот, максималните ќе бидат во интервал од 32 до 39 степени.

Во Скопје до 36 степени

Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне 36 степени Целзиусови.

Следува уште потопло време

Под влијание на топол бран, во наредниот период се очекува сончево и многу топло време.

Особено високи температури се најавуваат за време на викендот и во текот на следната работна седмица. Тогаш дневната температура на одредени места ќе надмине 40 степени.

Сепак, денеска сончево и топло време ќе има во целата земја, со температури од 32 до 39 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!