Рециклажа на заштитните маски?!
05/09/2020 16:52Проблемот со еднократната употреба на заштитните маски станува се поголем еколошки проблем ширум светот. Една француска компанија нуди решение за проблемот.

Имено, новооснованата француска фирма „Плакстил“ планира да започне со рециклирање, таму велат дека искористените маски, во комбинација со пластика, можат да се искористат за производство на нови маски, визири, па дури и кваки за врати. Тоа навистина би значело барем делумно решение на еколошкиот проблем со искористените маски, зашто поради пандемијата на коронавирус, која е неизвесно кога ќе биде ставена под контрола, станува збор за милијарди парчиња.






![Гејтс: „Moжeмe дa видимe дeкa дoaѓa кpajoт нa пaндeмиjaтa“ bil-gejts-2[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/04/bil-gejts-21.jpg)