Пратеникот од БЕСА, Реџепи потврди дека нивните пратеници ќе дејствуваат посебно
21/09/2020 13:27Пратеничката група на Беса од денеска во Собранието нема да биде со СДСМ, потврди пратеникот Кастриот Реџепи.

Пратениците од движењето Беса го информирале претсеателот Џафери дека наместо во парламентарната група „Можеме“ ќе дејствуваат посебно.
Ние сме дел од владејачкото мнозинсто но како најголем партнер после СДСМ во коалицијата „Можеме“ ние ќе делуваме како група на пратеници на движење Беса. Ова не подразбира никакво напуштање туку поефективно делување во Собранието, ги објаснува причините Реџепи.
Беса со Собранието е преставена со четворица пратеници.







