(Фото)БЕСА не е повеќе дел од коалицијата на СДСМ „Можеме“, го информирале Собранието
21/09/2020 12:53Порталот Економски Лидер дојде до документот кој покажува дека Беса го известува претседателот на Собранието Талат Џафери дека ја напушта пратеничката група на СДСМ.
„Ве информираме дека долунаведените пратеници кои досега настапувале во парламентарната група „Можеме“ , сега ќе настапуваат како група на пратеници на Партијата движењето Беса“, стои во дописот кој е испратен на 14 ти месецов.







