Курц се тестира за коронавирусот
05/10/2020 15:54Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги откажа сите денешни обврски и беше тестиран за новиот коронавирус, откако беше утврдено дека негов неименуван близок колега бил позитивен на ковид-19, изјави денеска неговиот портпарол.
Вицеканцеларот Вернер Коглер ги презеде истите мерки на претпазливост, а исто така е тестиран и персоналот на Себастијан Курц, рече портпаролот, додавајќи дека Курц не е во карантин.
Курц и Коглер последен пат контактирале со неименуваниот колега во средата, јавија австриски медиуми.


![Семејство на Австриец пoчинaт од koвид ја тужи државата, бараат надомест за нeнавремено прeдупредување koronavirus-grcija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/koronavirus-grcija1.jpg)



