КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА МАРКЕТИ И МОЛОВИ
13/10/2020 11:11Денеска на редовниот состанок на Комисијата за заразни болести не се донеси нови препораки во однос на ширењето на болеста. Она што веќе е познато е дека членовите на Комисијата очекуваат од Владата на денешниот состанок да ги прифати нивните препораки од минатата недела.
-Денеска немаше ништо посебно на состанокот. Се дебатираше околу тоа од каде е толкавиот број на новозаразени, но за сега не одлучуваме за други рестриктивни мерки, освен за оние кои ги препорачавме минатата недела, а кои очекуваме денеска Владата да ги усвои. Во зависност од актуелната состојба и епидемиолошката слика на земјава, можеби ќе размислиме евентуално за намалување на работното време, но не само на кафеаните и угостителските објекти, туку скратувањето на работното време, реазмислуваме да биде за сите, и пекарници, и рестораните за брза храна, и маркети и молови.
Ова би било со цел да не се чувствуваат дискриминирани едните или другите, велат денеска од Комисијата за заразни болести.




![Koмиcиjaтa зa зapaзни бoлecти ќe pacпpaвa вo пeтoк или пoнeдeлник: Oд 1.јуни нови мepки, ce пoизвecнo e дeкa ќe нeмa вeќe мacки нa oтвopeнo korona-makedonija-mladi[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/korona-makedonija-mladi1.jpg)

