MKinformer

your daily dose of news

ВЛАДАТА ЈА ОДОБРИ НАБАВКАТА НА ЛЕКОТ РЕМДЕСИВИР

27/10/2020 16:41

Владата одобри набавка на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет месеци, државата ќе потроши 67,5 милиони денари.

– Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)“ за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година – соопшти Владата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!