MKinformer

your daily dose of news

Познат идентитетот на 19-годишникот фатен со 98.500 фалсификувани евра на бугарската граница

26/10/2026 0:25

Познат е идентитетот на 19-годишникот фатен со 98.500 фалсификувани евра на бугарско-турската граница. Станува збор за Хамза Дарлишта, македонски државјанин кој беше приведен на граничниот премин Капитан Андреево.

Тој бил откриен на 19 октомври додека патувал од Турција кон Македонија како сопатник во автомобил со странски регистарски таблички.

Во јакната имал 685 фалсификувани банкноти

При детална контрола царинските службеници пронашле 685 фалсификувани евро-банкноти, зашиени во поставата на јакната што ја носел 19-годишникот.

Станувало збор за 300 банкноти од по 200 евра и 385 банкноти од по 100 евра.

Нивната вкупна номинална вредност изнесува 98.500 евра.

(Видео)19-годишен Македонец фатен со 98.500 фалсификувани евра на бугарска граница

Судот му одреди притвор

По апсењето, Дарлишта бил изведен пред суд во Хасково, кој му одредил мерка притвор.

Судот оценил дека постои ризик од бегство, имајќи ги предвид тежината на обвинението, неговото странско државјанство и фактот дека нема постојана адреса во Бугарија.

Во телефонот биле најдени фотографии од слични банкноти

Според информациите што ги објавија бугарските медиуми од судското рочиште, во мобилниот телефон на 19-годишникот биле пронајдени и фотографии од банкноти слични на оние што биле запленети.

Обвинителството наведува дека дел од фотографиите биле направени претходно, а на некои од нив се гледал и самиот осомничен.

Тврдел дека не знаел дека парите се фалсификувани

19-годишникот пред истражните органи тврдел дека не знаел дека банкнотите се фалсификувани.

Неговата одбрана побарала поблага мерка, но судот одлучил тој да остане во притвор.

Одлуката може да биде обжалена пред Апелациониот суд во Пловдив.

Познат е идентитетот на 19-годишникот фатен со 98.500 фалсификувани евра, а истрагата во Бугарија продолжува за да се утврди потеклото на банкнотите и нивната намена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!