ВЛАДАТА ЈА ОДОБРИ НАБАВКАТА НА ЛЕКОТ РЕМДЕСИВИР
27/10/2020 16:41Владата одобри набавка на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет месеци, државата ќе потроши 67,5 милиони денари.
– Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)“ за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година – соопшти Владата.






