MKinformer

your daily dose of news

Со нож ја повредил продавачката и одзел пари

12/11/2020 17:11

Крадец со нож повредил продавачка во Кавадарци и одзел пари од продавницата.

Синоќа во 20 часот лице со закана со остар предмет, од вработена во продавница во Кавадарци, одзело пари од дневниот промет.

„Извршен е увид на лице место, се работи на расчистување на случајот“, изјавија од полицијата за МИА.

Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош – Кавадарци за МИА истакна дека синоќа девојка побарала медицинска помош и кажала дека била нападната во продавницата во која работела. Таа имала расекотина од два сантиметра со нож на ушната школка.

error: Содржината е заштитена од копирање !!