MKinformer

your daily dose of news

Зимата пристигна во Маврово: Утрово падна снег, на Попова Шапка -10 – за викендот дожд и снег

24/11/2026 13:26

Снег во Маврово падна утрово, 24 ноември, додека студениот бран донесе длабоки минуси во повеќе делови од Македонија.

Најстудено утрово било на Попова Шапка, каде што се измерени -10 степени, додека меѓу градовите најниска температура е регистрирана во Крива Паланка – -6 степени.

Во Крушево и Берово се измерени -5 степени, а негативни температури имало и во Лазарополе, Виница, Штип, Прилеп и Струмица.

Маврово го дочека првиот зимски амбиент

Ниските температури донесоа зимска слика во Маврово, каде што утрово беа забележани снежни врнежи.

Температурите во планинскиот дел на Маврово се околу и под нулата, а метеоролошките модели повторно најавуваат услови за снег кон крајот на неделата. За повисоките делови на ски-центарот прогнозите покажуваат можност за нови снежни врнежи во сабота и недела.

На Попова Шапка измерени -10 степени

Студот е најизразен на планините.

Утрово на Попова Шапка се измерени -10 степени, во Крива Паланка -6, а во Крушево и Берово -5 степени.

Во дел од пониските места температурите останале над нулата. Во Гевгелија биле измерени 5 степени, во Кавадарци и Демир Капија по 3, а во Скопје околу 2 степени.

Денеска сончево, но студено

Според УХМР, денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Од четврток доаѓаат обилни дождови

Во среда утрото повторно ќе биде многу студено, со негативни температури низ целата земја.

Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови ќе започнат повремени врнежи.

Во четврток следува позначителна промена. Во западните делови локално се очекуваат над 30 литри дожд на квадратен метар.

Во петок пообилни врнежи се очекуваат на југот и истокот, каде локално може да наврнат повеќе од 20 литри на квадратен метар.

За викендот дождот ќе преминува во снег

Новото заладување ќе биде особено изразено за време на викендот.

УХМР најавува дека на 28 и 29 ноември, поради падот на температурите, врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Засега не е прецизирано во кои пониски места ќе се создадат услови за снег, ниту дали ќе се формира снежна покривка.

На планините, вклучително и Маврово, шансите за снежни врнежи се значително поголеми.

По денешниот снег во Маврово, следуваат неколку дена со променливо време, обилни дождови, а потоа и ново заладување кое повторно ќе донесе зимски услови во Македонија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!