СРБИЈА НА РАБ НА КОРОНА АМБИС!
19/11/2020 21:00Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија, Предраг Кон, денеска оцени дека Србија е во критична состојба, особено Белград, каде епидемиолошката состојба се претвори од итна во катастрофална, бидејќи, како што рече, нема простор за понатамошен прием на пациенти.
– Потенцијалот на вирусот е јасен, бројот на пациенти расте многу побрзо отколку што беше на самиот почеток, во првиот бран. Сè уште има простор до т.н. италијанско сценарио- рече Кон за РТ Војводина.
Д-р Кон во емисијата рече дека група од сите директори на ковид болниците, заедно со министерот, создале систем на отворање нови болници и проширување на капацитетите за кои тој никогаш не видел, ниту учел, но кој функционира.
– Ние од друга страна жртвуваме делови од системот кога отвораме болница и ги намалуваме капацитетите за лекување на другите болести. На крајот, ќе се види какви се последиците, никој не смее да каже дека нема да ги има – рече Кон.
Тој вели дека Србија нема да дојде во ситуација некој да биде вратен без да му се пружи помош и додава дека веројатно може да се случи пациентите со ковид да бидат отпуштени од болница побрзо од досегашната пракса.
Кон вели дека е лошо што Кризниот штаб не успеал да обезбедни да се спроведат мерките, но дека организацијата на самата работа е добро спроведена.
Кон посочува дека поддршката која е дадена на самиот почеток на пандемијата е незаборавна во историјата на превентивната медицина во Србија






