Ја загуби битката со коронавирусот: Почина тапанарот на групата „Амадеус“
24/11/2020 15:05Бојан Златановиќ, тапанарот на култната група „Амадеус“ починал од последици на корона вирус во својата 45-та година.
Веста за неговата смрт ја потврдија од бендот, и со емотивна порака се простија од својот член.
-Неговиот белег нема да се избрише и ќе живее преку Амадеус и преку сите нас, преку сето она на кое не задолжи првенствено како човек, низ ритамот кој го внесе во нашите срца, и низ спомените со кои ги облагороди нашите души – соопштија од бендот.
„Амадеус бенд” е популарна српска поп-рок група која рабти и твори на сцената повеќе од 20 години. Пред пандемијата беа чести гости во Македонија. Своите нови музички материјали редовно ги промовираа и во нашата земја, и секогаш ја добиваа поддршката од нашите музичари кои беа присутни во голем број на нивните промоции. -Во Македонија се чувствуваме како дома, имаа навика да изјават.






