Градот Скопје ќе се украсува, но се откажа од Винтерленд
27/11/2020 9:47Од вчера почна новогодишното украсување на градот Скопје. И покрај реакциите кон градоначалникот Шилегов парите да ги пренамени за други потреби, сепак, градоначалникот најави дека градот ќе биде украсен, а дека оваа година ќе нема „Винтерленд“ и новогодишниот дочек на плоштадот.
И покрај кризата, Шилегов рече дека не се откажува од празнична, новогодишна атмосфера.

„Годинава на нашите дечиња им е одземено многу, детството, училишната година, играта со другарчињата, радоста. Сметам дека во оваа тешка година и мрачно време во коешто живееме, не треба на светол момент како што е Нова година да останеме неми. Немаме право да го направиме тоа, немаме право да им ја одземе надежта и радоста на граѓаните и децата“, вели градоначалникот Шилегов.
Новогодишното украсување годинава ќе чини 200 илјади евра.





