MKinformer

your daily dose of news

Едноставен трик како да не ви се замаглуваат очилата додека носите маска

04/01/2021 12:00

Решението е прилично едноставно, сѐ што ви е потребно е само еден обичен фластер… Сите кои носат диоптриски очила, додека носат маска на лицето, се соочуваат со проблемот „замаглување на стаклата“.

Како да ги спречите „замаглените стакла“, стана голема тема со бројни расправии, а еден доктор пронајде ефикасен начин кој тврди дека нему му помага секојдневно.

Д-р Даниел М. Хифермен, кој носи очила и заштитна маска додека оперира, сподели трик кој го превенира замаглувањето на стаклата од очилата.

Решението е прилично едноставно. Сѐ што ви е потребно е обичен фластер. Докторот со фластерот го лепи врвот на маската преку носот, со што воедно се превенира и паѓањето на маската од лицето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!