MKinformer

your daily dose of news

Живко Мукаетов со едногласна поддршка реизбран за прв човек на РФМ

25/01/2021 13:39

Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов доби едногласна поддршка од сите клубови и ќе остане на функцијата прв човек на македонскиот ракомет.

Муакетов кој е на чело на РФМ од 2013 година и кој е  еден од главните „виновници“ што ракометот во Македонија е спорт број еден ќе остане на функцијата и во следните четири години.

Тој ја добил поддршката од сите делегати на клубовите пред изборното собрание кое е закажано за 31 јануари во хотелот „Александар Палас“.

Делегатите според статут немаат право да го менуваат гласот, па така е извесно дека Мукаетов на согласување на сите ќе остане на раководната позиција во РФМ

error: Содржината е заштитена од копирање !!