Живко Мукаетов со едногласна поддршка реизбран за прв човек на РФМ
25/01/2021 13:39Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов доби едногласна поддршка од сите клубови и ќе остане на функцијата прв човек на македонскиот ракомет.
Муакетов кој е на чело на РФМ од 2013 година и кој е еден од главните „виновници“ што ракометот во Македонија е спорт број еден ќе остане на функцијата и во следните четири години.
Тој ја добил поддршката од сите делегати на клубовите пред изборното собрание кое е закажано за 31 јануари во хотелот „Александар Палас“.
Делегатите според статут немаат право да го менуваат гласот, па така е извесно дека Мукаетов на согласување на сите ќе остане на раководната позиција во РФМ






