MKinformer

your daily dose of news

Цел свет има само 10-на, а во Македонија се пријавени дури 115 случаи на peинфекција со Koвид-19

20/03/2021 15:58

Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски во вечерашната дебата на Алсат рече дека невозможно е да имаме во земјава околу 115 реинифицирани со ковид, како што соопштуваа надлежните.

Тој вели дека реинфекцијата е многу редок случај и во светски рамки се регистрирани само десетина случаи, што прави практично невозможно Македонија да има толку поголем број.

– Невозможно е да имаме 115 случаи на реинфекција, кога во светот се детектирани од 10 до 15 такви случаи. Теоретски реинфекцијата е можна, но тоа е толку многу редок настан што нема шанси во Македонија да има толку случаи на реинфицирани. Тоа би значело дека од околу 100 илјади заразени, околу 10 отсто имаме реинфицирани и дека никогаш нема да излеземе од кругот на пандемијата, а тоа не е случај, рече Петличковски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!