MKinformer

your daily dose of news

Почна уписот на УКИМ: Слободни 8.851 место за бруцоши

18/08/2026 10:49

Почна уписот на УКИМ за академската 2026/2027 година. Денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување во прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава има вкупно 8.851 слободно место за бруцоши.

Од нив, 4.395 места се за редовни студенти во државна квота.

За редовни студенти со кофинансирање се предвидени 3.621 место, додека 835 места се наменети за вонредни студенти.

Најмногу места на Медицинскиот факултет

Најголем број студенти ќе може да се запишат на Медицинскиот факултет, каде што има 950 слободни места.

На ФИНКИ се предвидени 800 места, а на ФЕИТ и на Машинскиот факултет по 600.

Природно-математичкиот факултет има 626 места, Економскиот 655, Правниот 555, Филозофскиот 635, а Филолошкиот 805.

Школарината од 200 до 400 евра

Студентите во државната квота ќе плаќаат надомест од 200 евра во денарска противвредност.

Студентите во квотата со кофинансирање, како и вонредните студенти, ќе плаќаат школарина од 400 евра.

Новата академска година ќе започне на 1 октомври.

Намалени околу 2.000 места на универзитетите

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека годинава бројот на места на универзитетите е намален за околу 2.000.

Според неа, одлуката е донесена по анализа на пазарот на трудот.

Јаневска посочи дека кај одредени струки има заситеност и поголема невработеност, поради што квотите се намалени.

Кај техничките струки, информатиката, машинството и градежништвото, пак, квотите речиси и да не се намалени.

Причината, според министерката, е високата вработливост во овие области, која достигнува меѓу 98 и 99 проценти.

Со денешниот прв уписен рок почна уписот на УКИМ, а за идните студенти се достапни вкупно 8.851 место.

error: Содржината е заштитена од копирање !!