Во комбе пронајдени 32 мигранти во близина на Марвинци
29/03/2021 15:06Вчера во 06.00 часот на магистралниот пат во близина на с.Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер“.

По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти.
За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






