MKinformer

your daily dose of news

Во комбе пронајдени 32 мигранти во близина на Марвинци

29/03/2021 15:06

Вчера во 06.00 часот на магистралниот пат во близина на с.Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер“.

По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

error: Содржината е заштитена од копирање !!