(Видео) Љyбoпитниoт мaчop нa украинскиот министep зa внaтpeшни работи Герашченко cтaнa хит нa coциjaлнитe мpeжи
09/05/2021 21:03Мачорот Винстон, миленик на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко стана хит на социјалните мрежи откако за време на изјава на Герашченко за украинска телевизија се појави на екранот.
На видеото се гледа како мачорот во еден момент додека моинистерот дава изјава мавта со опашката пред камерата, што предизвика смеа кај новинарката која го водеше разговорот.
Герашченко тогаш го зема мачорот во раце и го претставил пред публиката.
„Вчера Винстон, односно неговата опашка, случајно стана вирален хит.Се качи на мојот стол и го побара моето внимание, ништо невообичаено“, напиша Герашченко во објавата.
Видео линкот може да го погледнете ТУКА.






