MKinformer

your daily dose of news

Koмбинaциja на „AcтpaЗенека“ и „Фajзep“ – eфикacнo и бeзбeднo, вeлaт нayчницитe

18/05/2021 12:40

Шпанска студија за комбинирање на вакцини против Ковид-19 откри дека давањето доза на „фајзер“ на луѓе кои веќе ја примиле првата доза на „астразенека“ е исклучително безбедно и ефикасно, објавија денес истражувачитe.

Таканаречената студија „Комбивакс“, предводена од шпанскиот државен здравствен институт „Карлос III“, покажа дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле „фајзер“ е меѓу 30 и 40 пати поголем отколку во контролната група луѓе кои примиле само една доза „астразенека“, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу 600-те учесници во студијата забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!