MKinformer

your daily dose of news

Ќе имa нoвo пocкaпyвaњe нa cтpyjaтa?

20/05/2021 10:19

Пратеникот од „ГРОМ“ Љупчо Пренџов, на социјалните мрежи коментира во однос на новото поскапување на електричната енергија, што само по себе подразбира намалување на животните стандарди на граѓаните.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

– Наместо да се задолжевме и да ја изградиме хидроцентралата Чебрен Галиште (што претставува втора најголема брана во Европа) и хидроцентралата Бошков Мост, тие се задолжуваа со милијарди за разно – разни ваучери за купување гласови и нов едно – две годишен мандат на Заев.

– Денес срамежливо ни најавува ново поскапување на електричната енергија што само по себе подразбира нови поскапувања на сите продукти потребни за живот, инфлација и намален животен стандард.

– Паралелно, месециве кои поминаа во 2021 година, нѐ задолжи со повеќе од 1 милијарда евра, попатно ги качи акцизите за горивата и дел од даноците кон државата и општините.

– Не сум видел Премиер на друга држава кој толку многу ги уништува и ги става во подредена положба следните генерации на граѓани во државата чив Премиер ѐ!

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

error: Содржината е заштитена од копирање !!