Балканците се винoвни за ширењето на ковид-19 во Германија, обвинyва германскиот министер за здравство
03/06/2021 19:19Германскиот министер за здравство Јенс Шпан тврди дека патувањата на балканците кои живеат и работат во Германија во своите родни земји на Балканот и во Турција минатото лето го донеле вториот бран на коронавирусот во земјата.
„Научивме лекции од минатото лето“, изјави неодамна германскиот министер за здравство Јенс Шпан за „Билд“.
Според него, имало период кога „околу 50 проценти“ од новите заразени биле увезени во Германија – а Шпан конкретно ги спомена патувањата на луѓето кои живеат и работат во Германија и имаат семејства на Балканот и Турција. Тие инфекции, рече тој, придонеле за избувнување на големиот втор бран на коронавирусот во Германија.
Но, изјавата на министерот наиде на осуда. Турската заедница во Германија вели дека станува збор за стигматизација на цели групи граѓани.
„Скандал е што германски министер отворено го става Балканот на столбот на срамот и со тоа ги понижува луѓето со мигрантски корени“, рече албанскиот премиер Еди Рама за „Билд“.
Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, во Германија имало вкупно 50 000 регистрирани новозаболени во јули и август – занемарливи во споредба со декември кога беа евидентирани 700 000 нови заразени. Во меѓувреме, уделот на заразените во странство значително опадна во септември.
„Инциденцата во Турција и на Балканот во последно време драстично опадна, исто како и во Германија. Во Србија, БиХ и Косово е дури и помал отколку овде, а во Хрватска и Турција е малку поголем. Покрај тоа, Србија е една од земјите кои најбрзо го вакцинираа населението во Европа. Ако германската федерална влада внимателно ги разгледа овие бројки, ќе треба да се запраша како да се позиционира во однос на патувањата во текот на летото и да спречи бројките повторно да растат во нивната земја, како што се случи минатиот октомври“, заклучува „Велт“.





![Pecтрикции за неваkцинираните во Германија, влезот им е забранет речиси секаде korona-germanija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/korona-germanija1.jpg)
