(Во живо) Драма во близина на „Мавровка“: Маж се заканува дека ќе скокне од зграда
08/06/2021 8:54
Вистинска драма се случува утрово во близина на трговскиот центар „Мавровка“, каде маж се заканува дека ќе скокне од зграда. Eкипата на Инфомакс е на лице место, а според неофицијалните информации скопјанецот поради развод од сопругата се качил на кров од зграда кај споменикот Скендербег и се заканува дека ќе скокне.
Екипи на полицијата, пожарна и Брза помош се на местото на настанот.
Во претходните 5 минути на скопјанецот му беше дадено албанско знаме кое тој го истакна на зградата од која сака да скока.
Преносот во живо може да го следите ТУКА.






