MKinformer

your daily dose of news

Што се случува?: „Паднаа“ страниците на најголемите светски медиуми и на голем број мултимилионерски компании

08/06/2021 16:36

Многу страници на медиумски куќи и социјални мрежи ширум светот денес не беа достапни за корисниците.

Си-Ен-Ен, Би-Би-Си, Гардијан, Фајненшл Тајмс, Њујорк Тајмс, Индипендент, Спектатор и неколку други портали не можат да се отворат во моментот, пренесоа медиумите. Покрај медиумските портали, паднаа и страниците на бројни мултимилионерски компании како Амазон, Редит, Твич, Гитаб, Ајбеј, Пејпал. Некои функции на Твитер дури се привремено блокирани, додека целата мрежа, како што пренесуваат медиумите, останала стабилна.

Луѓето ширум светот реагираа на социјалните мрежи, прашувајќи се што се случило.

Според менаџерите на производи во „Фајненшл тајмс“, причината за „падот“ е проблем во „Фастлy“, популарна услуга ЦДН (Content delivery network), чии услуги ги користат овие компании за да ја објават својата содржина.

Од таму потврдија дека се соочува со застој на својата веб-страница. Во моментов го испитуваме потенцијалното влијание врз перформансите преку нашите CDN услуги“, соопшти компанијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!