Копија од Мона Лиза достигна рекордна цена од 2,9 милиони евра
18/06/2021 20:53Колекционер од Европа купил копија од Мона Лиза на Леонардо да Винчи од 17 век за 2,9 милиони евра, што е рекордна цена за репродукција на Мона Лиза.

На аукција во куќата „Кристи“, продадена е копијата позната како „Хекинг Мона Лиза“ по цена која стана нов рекорд.
Ова е лудило, ова е апсолутен рекорд за репродукција од Мона Лиза, изјави претставничка за односи со јавност на аукциската куќа „Кристи“.
Додаде дека на меѓународната акција имало 14 понудувачи и дека во последниот час понудите пораснале од 500 илјади на 2,4 милиони евра, пред да биде понудена конечната сума од 2,9 милиони евра.
Сопственикот кој ја продал сликата, инаку безуспешно тврдел дека копијата ја купил како оригинал во педесетите години од минатиот век.






